Карим Бензема ја освои Златната топка на синоќешната церемонија во Париз откако беше најдобар играч на Реал Мадрид во сезоната во која беа освоени Лигата на шампионите и титулата во шпанското првенство. Триесет и четиригодишниот Французин беше голем фаворит за престижната награда, па во публиката беа и неговите бивша (Кора Готје) и сегашна девојка (Џордан Озуна).
Бензема не се појави со американската манекенка на црвениот тепих, туку таму позираше само со петгодишниот син Ибрахим, кого го доби во врската со францускиот модел Кора Готје. Медиумите пишуваат дека Бензема од летоска е во врска со Озуна.
„Бензема ги покани и Кора и Џордан на гала свеченоста, но на црвениот тепих позираше само со синот Ибрахим. Кора се држеше резервирано на настанот, а ниту Џордан не се фотографираше со Бензема“, пишуваат француските медиуми.
Бензема има и осумгодишна ќерка од друга врска.
(Фото: АП)