МИСТЕР БИСТ ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ЈУТЈУБ СО 112 МИЛИОНИ ПРЕТПЛАТНИЦИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мистер Бист го надмина ПјуДајПај како јутјубер со најмногу претплатници, што е прва промена на врвот по речиси десет години.

Шведскиот креатор на содржини ПјуДајПај, чие вистинско име е Феликс Кјелберг, стана најпопуларниот јутјубер во 2013 благодарение на своите видеа со реакции за видеоигри. Во 2019 тој стана првиот јутјубер со повеќе од 100 милиони претплатници.

Мистер Бист, односно Џими Доналдсон, овој месец стигна до бројката од 112 милиони претплатници, надминувајќи го ПјуДајПај, кој има 111 милиони.

Мистер Бист е најпознат по видеата во кои што дели награди и големи парични подароци, но и по својата хуманитарна работа. Лани лансираше уште еден канал посветен на филантропијата кој сега има десет милиони претплатници, како и лиценцирана хуманитарна организација која функционира како банка за храна за заедници во САД.

(Фото: Гети)