ОСТАТОЦИ ОД 83 МИЛИОНИ ГОДИНИ СТАРА ЖЕЛКА ГОЛЕМА КОЛКУ ПОМАЛ АВТОМОБИЛ ОТКРИЕНИ ВО ШПАНИЈА

Барселона, (Ројтерс)

Суптропските мориња околу архипелагот што ја сочинувал Европа пред 83 милиони години биле дом на една од најголемите познати желки: рептил со големина на помал автомобил.

Остатоците на 3,7 метри долгата и речиси еден тон тешка желка наречена Leviathanochelys aenigmatica се пронајдени во североисточна Шпанија. Таа живеела во периодот креда, што научниците го опишуваат како последно поглавје во добата на диносаурусите.

Колку за споредба, денешните најголеми желки можат да достигнат до два метра.

„Leviathanochelys aenigmatica била долга колку ‘мини купер‘, додека најголемата позната желка Archelon, која живеела пред 70 милиони години, имала големина на ‘тојота корола‘. Добро е што била толку голема, имајќи го предвид опасниот сообраќај во древното море Тетис“, изјави палеонтологот и еден од водачите на истражувањето Алберт Селес.

Научниците ги откриле остатоците на Leviathanochelys aenigmatica близу село во Каталонија. Пронајдени се школката и најголемиот дел од карлицата, но не и главата и екстремитетите.

(Фото: Ел Мундо)