ОТКРИЕНИ НАД 150 ДРЕВНИ ДИЗАЈНИ ВО ПУСТИНАТА НАСКА ВО ПЕРУ

Лима, (Ројтерс)

Повеќе од 100 нови дизајни се откриени во пустината Наска во Перу, кои би можеле да дадат нови информации за мистериозната претколумбиска уметност која со децении ги интригира научниците и туристите. По двегодишните истражувања на терен и од воздух, перуанските и јапонските истражувачи објавија дека откриле уште 168 дизајни на локалитетот под заштита на УНЕСКО.

Илустрација на една од новооткриените фигури

Огромните геоглифи врежани во пустината се стари повеќе од 2.000 години и прикажуваат луѓе, мачки, змии, китови, птици и локални животни.

„Новите фигури се долги од два до шест метри и можат да се видат од земја“, изјави Хорхе Олано, водечкиот археолог во истражувачката програма Наскански линии.

Од 2004 година, откриени се 190 фигури во оваа област, но пространоста на теренот што го покриваат ги усложнува напорите за нивно проучување и зачувување.