ПИТЕР ГАБРИЕЛ СЕ ВРАТИ СО НОВ СИНГЛ КАКО НАЈАВА НА ПРВИОТ АЛБУМ ПО 21 ГОДИНА ПАУЗА

Лондон, (Ролинг стоун)

Питер Габриел се враќа на музичката сцена со првата нова песна по седум години пауза. Синглот „Panopticom“ е најава на неговиот нов албум насловен „i/o“, кој треба да излезе оваа година, за што засега нема точен датум.

Она за што пишувам сега е идејата дека сме неверојатно способни за уништување на планетата која нè роди и доколку не најдеме начини повторно да се поврземе со природата и природниот свет, ќе изгубиме многу“, изјави 72-годишниот Габриел, додавајќи дека планира да објавува по една нова песна на секоја полна месечина.

Тој објави два сингла во 2016, но неговиот последен албум датира од 2011 година, кој се состоеше од оркестарски преработки на негови стари песни. Фановите чекаат нов албум со оригинални песни на Габриел уште од 2002.

Кон крајот на минатата година, Габриел ја најави и својата прва европска турнеја по девет години пауза, што ќе почне во мај.

(Фото: Гети)