МАДОНА ЈА НАЈАВИ ПРВАТА ТУРНЕЈА СО НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мадона ја објави својата прва турнеја со најголемите хитови, за да ја одбележи 40-годишнината на првиот успешен сингл „Holiday“. Насловена „Прослава“, турнејата ќе ги опфати хитовите од целата кариера, од дебитантскиот албум „Мадона“ од 1983 до последниот „Мадам Икс“ од 2019.

Досега се потврдени 35 датуми, почнувајќи од Ванкувер на 15 јули. Првата европска станица треба да биде Лондон на 14 октомври и по Антверпен, Копенхаген, Стокхолм, Барселона, Лисабон, Париз, Келн, Милано и Берлин, серијата концерти ќе финишира во Амстердам на 1 декември.

Шеесет и четиригодишната поп икона има мноштво класици за изведување. Таа имаше 63 топ-10 песни на британската топ-листа, од кои 13 на првото место.

(Фото: Гети)