ОТКАЖАН БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА МАДОНА

Лос Анџелес, (Гардијан)

Студиото „Јуниверзал“ го откажа биографскиот филм за Мадона, што требаше да го режира самата пејачка. Филмот со работен наслов „Little Sparrow“ се развиваше од 2020, а по исцрпувачка аудиција, за главната актерка беше избрана Џулија Гарнер.

Според „Вараети“, „Јуниверзал“ се повлекол од проектот откако Мадона објави светска турнеја минатата недела, додека други извори велат дека одлуката била донесена уште лани.

Филмот требаше да ја покрие четиридецениската кариера на Мадона во музичкиот, филмскиот и модниот свет, а во прв момент беше најавено дека сценариото ќе го пишува оскаровката Дијабло Коди.
(Фото: Гети)