УНЕСКО СРЕДЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЈА ПРОГЛАСИ ОДЕСА ЗА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Париз, (Би-Би-Си)

УНЕСКО го прогласи историскиот центар на украинскиот град Одеса за загрозено културно наследство, наспроти противењето на Русија. Културната агенција на Обединетите нации кажа дека со оваа одлука се признава извонредната универзална вредност на местото.

Позната како бисерот на Црното Море, Одеса неколкупати беше бомбардирана од почетокот на руската инвазија. Минатата година, самите жители се ангажираа да ги заштитат спомениците, прекривајќи ги со вреќи со песок.

Споменик во Одеса заштитен со вреќи со песок (Фото: Гети)

„Прогласувањето на Одеса за светско културно наследство е важен чекор. Оваа одлука значи дека сите членки на УНЕСКО, вклучувајќи ја и Русија, ќе бидат обврзани да не му нанесуваат намерно уништување на локалитетот“, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Русија кажа дека ова е политичка одлука и ја обвини Украина дека сама ги уништува своите споменици.

Одеса доживеала процут откако руската царица Катерина Велика потпишала указ во 18. век, со кој градот станал модерна поморска порта.