ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИРСКИОТ АКТЕР БЕРИ КЈОУГЕН – МАЈКА МУ ПОЧИНАЛА ОД ХЕРОИН, ЖИВЕЕЛ ВО 13 ЗГРИЖУВАЧКИ ДОМОВИ

Даблин, (Пипл)
LOS ANGELES, CALIFORNIA - JANUARY 13: Barry Keoghan attends the AFI Awards at Four Seasons Hotel Los Angeles at Beverly Hills on January 13, 2023 in Los Angeles, California. (Photo by Michael Kovac/Getty Images for AFI)

Актерската кариера на Бери Кјоуген зеде замав во 2017 година, кога се појави во два фалени филма, „Убивањето на светиот елен“ и „Данкирк“. Неговиот статус во Холивуд дополнително порасна откако беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за маестралната изведба во „Тажачките од Инишерин“.

Сепак, животот на 30-годишниот ирски актер не бил секогаш лесен. Кога имал 12 години, мајка му починала од предозирање со хероин, а и самиот тој подоцна се борел со зависности.

„Дрогите силно ја погодија мојата област и мајка ми беше една од нив. Тогаш имав 12 години и живеев со баба ми. Мајка ми беше многу млада кога почина, имаше 30, 31 година, но ми остана во убаво сеќавање“, се присети Кјоуген во едно интервју од 2018.

Со Колин Фарел во сцена од „Тажачките Инишерин“

Во следните седум години, Бери и брат му Ерик живееле во 13 различни згрижувачки домови.

„Иако често ги менувавме, тие семејства беа добри со нас. Се грижеа за нас“, кажа тој.

Кјоуген отсекогаш се интересирал за глума. Се обучувал во едно актерско школо во Даблин, а првата филмска улога ја добил во 2011 во „Between the Canals“. Потоа се редеа и други улоги, а големиот пробив дојде во 2017.

Кјоуген се надева дека неговата животна приказна ќе биде инспирација за други млади луѓе.

„Ако сте поминале низ 13 згрижувачки семејства, не значи дека нема да успеете во животот“, вели тој.