Профилите на Доналд Трамп на Фејсбук и Инстаграм се обновени откако беа суспендирани повеќе од две години. Тој доби забрана за овие социјални мрежи по упадот на неговите приврзаници во американскиот Конгрес во јануари 2021.
„Ако повторно ги прекрши правилата, Доналд Трамп повторно ќе биде суспендиран на период меѓу шест месеци и две години“, објави компанијата „Мета“.
Фејсбук и Инстаграм никогаш не ги отстранија објавите на Трамп во кои тој неосновано обвинува за измама на американските избори во 2020.
Трамп во прв момент беше суспендиран на неодредено време, што потоа беше променето во двегодишна казна. „Мета“ го објави неговото враќање пред две недели.
„Јавноста треба да може да чуе што политичарите имаат да кажат. Анализите покажаа дека профилите на Трамп веќе не претставуваат сериозна закана за јавна безбедност“, изјави Ник Клег, претседателот за глобални прашања во „Мета“.
(Фото: АП)