Аренби и поп суперѕвездата Ријана имаше големо враќање на сцената по пет години, лебдејќи високо над теренот на кој се играше Супербоулот, а спектаклот го дополни со објавата дека повторно е трудна.
Запрашана минатата недела дали ќе има некакви изненадувања на нејзиниот настап во Аризона, Ријана кажа дека би можело да има и првенствено се очекуваше дека ќе изведе некоја нова песна. Сепак, 13-минутниот настап на 34-годишната Ријана содржеше само веќе познати хитови.
По шоуто, претставник на Ријана потврди дека таа го чека второто дете, што следува само девет месеци откако роди машко бебе, чиј татко е раперот АСАП Роки.
Во финалето на НФЛ сезоната, Канзас Сити Чифс ја победи Филаделфија Иглс со 38:35 и ја освои втората титула во последните четири години.