„ФИН ПРОЏЕКТ“ ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ НОВ, ОРКЕСТАРСКИ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК(

„Фин проџект“ денеска ќе го промовира својот петти студиски албум за период од десет години, насловен „FIN Project Orchestra“. Зад овој музички проект стои Никола Стојковски, кој на претходните албуми соработуваше со Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други.

Стојковски ја заокружува својата десетгодишна работа со албум со оркестарски аранжмани, подготвени од Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска.

„Преку седум музички нумери и стихови од великаните на македонскиот пишан збор Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски и Горан Трајковски, овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности“, стои во најавата.

Слушачката промоција на албумот ќе се одржи во „Аудио центар Болин“ во ГТЦ, со почеток во 18 часот.