АКТЕРОТ ЏУД ЛО ГО ДОБИ СЕДМОТО ДЕТЕ ОД ЧЕТИРИ СОПРУГИ

Лондон, (Сан)

Англискиот актер Џуд Ло сега е татко на седум деца, кои ги доби со четири различни сопруги. Како што објави весникот „Сан“, 50-годишниот Ло и 15 години помладата сопруга Филипа Коан се снимени со бебето на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

Ло се труди да го држи својот приватен живот во тајност. Во декември 2020, тој објави дека е среќен татко на шест деца, набргу откако го доби второто дете со Коан, која по професија е психолог.

Пред Коан, со која се ожени во 2019, Ло беше во брак со актерката и дизајнерка Сејди Фрост, манекенката Саманта Бурк и со музичарката Кетрин Хардинг. Неговото највозрасно дете има 26 години.

(Фото: Ваеримиџ)