ТОРТА ОД МЕСО ЗА ПРВИОТ РОДЕНДЕН НА ЛАВЧИЊАТА АНА, ХАНА И ЛУНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Белите лавчиња во скопската Зоолошка градина Ана, Хана и Луна денеска го прославија првиот роденден. Зоо негувателите за нив подготвија торта од месо направена според нивната табличка за исхрана. Торта со ликовите на белите лавчиња и мајката Бела имаше и за гостите.

Белите лавчиња се родија во градината по 20 години, а нивните имиња беа избрани преку анкета по предлози од посетителите. Мајката Бела, која во Скопје дојде од Германија, деноноќно се грижи за лавчињата. Таткото Чака, пак, потекнува од Франција, а жител на Скопје е од 2020.