РОДЕНИ ВО 22. НЕДЕЛА, КАНАДСКИ БРАТ И СЕСТРА СЕ НАЈПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЛИЗНАЦИ НА СВЕТОТ

Канада, (Би-Би-Си)

Канадски брат и сестра родени во 22. недела се прогласени за најпредвреме родените близнаци на светот. Доколку Адија и Адријал Надараџа се родиле само еден час порано од 22. недела, болницата не би презела мерки за нивно спасување, кажаа од Гинисова книга на рекорди.

Полна бременост вообичаено изнесува 40 недели, со што тие се родени 18 недели предвреме.

Мајката Шакина Раџендрам изјави дека породувањето ѝ почнало на само 21 недела и пет дена, кога лекарите ѝ рекле дека бебињата имаат 0% шанси за преживување. Тоа била нејзина втора бременост, откако првото бебе го изгубила во истата болница неколку месеци порано.

„Лекарите ни кажаа дека не можат да помогнат при така рано породување, па цела ноќ плачев и се молев“, изјави таткото Кевин Надараџа.

Повеќето болници не се обидуваат да ги спасат бебињата родени пред 24-26. недела, но Шакина била префрлена во болницата „Маунт Синај“ во Торонто, која има оддел за специјалистичка неонатална интензивна нега. И покрај обемното крвавење, таа успеала да ги задржи бебињата во себе уште неколку часа, што буквално им ги спасило животите.

Адија и Адријал сега имаат една година, и покрај сериозните здравствени проблеми по раѓањето.

„Иако и натаму се под редовен лекарски надзор, близнаците добро напредуваат“, вели Шакина.