„ФАНК ШУИ“ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ АЛБУМ СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните македонски бендови „Фанк шуи“ најави враќање во Младински културен центар во Скопје по четири години пауза, каде што ќе одржи самостоен концерт на 31 март. Концертот ќе биде и промоција на третиот студиски албум „Никогаш пак”, од кој неодамна излезе синглот „Магла“.

Групата најавува едно и полчасовен концерт, на кој во целост ќе се изведе и новиот албум. Влезниците се по цена од 300 до 500 денари.

„Фанк шуи“ неодамна се врати од европска турнеја, која ги опфати Лондон, Ливерпул, Виена, Берлин, Ајндховен, Варшава, Краков, Гронинген, како и десетина настапи низ Балканот.

(Фото: Фејсбук)