АРИЈАН АДЕМИ СЕ СЕЛИ ВО КИНА, ГО НАПУШТА ДИНАМО КАКО НАЈТРОФЕЈНИОТ ИГРАЧ ВО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА

Загреб, (Индекс)

Аријан Адеми на 19 март ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб и потоа ќе го напушти како најтрофејниот играч во историјата на клубот.

Македонскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во Кина откако потпиша тригодишен договор со Беиџинг Гоан за плата од 1,65 милиони евра по сезона, додека Динамо ќе добие отштета од милион евра.

Адеми (31) дојде на „Максимир“ од Шибеник во 2010 и откако прво ѝ беше позајмен на Локомотива, од 2012 беше постојан член на Динамо. За тој период освои 11 титули во домашното првенство, шест во Купот и трипати во Суперкупот, одигра 358 натпревари и постигна 41 гол.

Роден во Шибеник, Адеми се надеваше дека ќе добие вистинска шанса во хрватската репрезентација, но откако тоа не се случи, во 2014 ја прифати поканата да го облече дресот на Македонија.

(Фото: Фејсбук)