ЕДИТ ХЕД – ЖЕНА КОЈА ИМА ОСВОЕНО НАЈМНОГУ ОСКАРИ

Лос Анџелес, (Јуроњуз)

Се ближи 95. церемонија на доделување Оскари, што ќе се одржи вечерва. Во бројни категории и натаму доминираат мажите, па така само три жени имаат освоено Оскар за најдобар режисер, од кои две во последните две години.

Кај актерките, најтрофејна е Кетрин Хепберн со четири статуетки (од 12 номинации), па следуваат Ингрид Бергман, Френсис Мекдорманд и Мерил Стрип со по три.

Дизајнот за Бети Дејвис за „Сè за Ева“

Сепак, жена која има освоено најмногу оскари е американската костимографка Едит Хед, која славела осум пати во својата категорија, воведена во 1948. Во кариерата што се протегна низ пет децении, Хед (1897-1981) работела на 400 филмови, при што 35 пати била номинирана за Оскар.

Дизајнот за Одри Хепберн за „Појадок кај Тифани“

Хед почнала да црта скици за костими за „Парамаунт“ во 1923 и во ова филмско студио работела 44 години, пред да премине во „Јуниверзал“. Меѓу другите, креирала костими за Меј Вест, Џинџер Роџерс, Бети Дејвис, Хеди Ламар, Елизабет Тејлор, Грејс Кели, Џејн Фонда, Одри Хепберн и Кетрин Хепберн.

Првиот Оскар го освоила во 1950 за „Наследничка“, последниот за „Бодежот“ во 1974.

Хед соработуваше со Грејс Кели во „Заден прозорец“