Во Државната опера во Пловдив вечерва е премиерата на класичната опера на Жорж Бизе, „Кармен“, што ја постави македонска екипа.
Режисерка е Урсула Хорнер, Австријка која долги години живееше и работеше во Македонија, сценографијата е на Марија Ветероска, која го изработи и официјалниот плакат, костимите се на Марија Пупучевска, а дизајнер на светлото е Васко Лисичов.
Во насловната улога е српскиот мецосопран Љубица Вранеш, солистка на Белградската опера, а меѓу гостите е и јужнокорејскиот баритон Лео Хјунхо Ким.
Хорнер, Ветероска, Пупучевска и Лисичов со години соработуваат со оперските куќи во Бугарија, а нивниот последен проект „Тоска“ премиерно се изведе минатиот јули на сцената на Античкиот театар во Пловдив.