„СУПЕР МАРИО“ СТАНА АНИМИРАН ФИЛМ СО РЕКОРДНА ЗАРАБОТКА НА ПРЕМИЕРАТА

Лос Анџелес, (АП)

Новата филмска верзија на легендарната видеоигра „Супер Марио“ го собори рекордот на киноблагајните и го забележа најдоброто отворање за анимиран филм во историјата. Во првите пет дена од прикажувањето „Супер Марио“ заработил 377 милиони долари на светско ниво, преземајќи го рекордот од „Ледено кралство 2“ (358 милиони).

Во „Супер Марио“, кој излезе 30 години по првата филмска адаптација, гласот на главниот лик го позајмува Крис Прат, а во останатите популарни улоги од видеоиграта на „Нинтендо“ се Ања Тејлор-Џој (Пич), Чарли Деј (Луиџи) и Џек Блек (Баузер).

За разлика од фановите, критичарите не се толку воодушевени од филмот.