ХИТ-СЕРИЈАТА „ЧУДНИ НЕШТА“ ЌЕ ДОБИЕ АНИМИРАНА ВЕРЗИЈА НА „НЕТФЛИКС“

Њујорк, (Ројтерс)

Нетфликс“ објави дека развива анимирана серија сместена во научно-фантастичниот свет на „Чудни нешта“, во обид да ја прошири својата хит-серија во поголема франшиза. Стриминг гигантот притоа не кажа како серијата ќе се вика и кога треба да излезе.

Секогаш сме сонувале за цртан филм ‘Чудни нешта‘ во стилот на саботните утрински цртани со какви што пораснавме“, соопштија браќата Дафер, креаторите на оригиналната серија.

Чудни нешта“ дебитираше на „Нетфликс“ во 2016 и стана неговата најгледана серија на англиски јазик. „Нетфликс“ претходно најави дека работи и на спиноф серија „Чудни нешта“.