ХОЛАНДСКА ПАЛАТА ОД 17. ВЕК СО РЕНОВИРАЊЕТО ДОБИ УНИКАТЕН ПОДЗЕМЕН МУЗЕЈ

Холандија, (Гардијан)

На прв поглед, палатата на Вилијам Трети Англиски изгледа како нормална холандска барокна зграда од 17. век. Но, благодарение на инвестицијата од 171 милион евра, под нејзиниот двор се изгради исклучителен подземен музеј, кој ќе биде отворен следната недела.

Палатата Хет Ло во централна Холандија била во 1689 година изградена за протестантскиот крал на Англија, Ирска и Шкотска, Вилијам Трети, кој како Холанѓанец по потекло управувал и со провинцијата Холандија.

За време на петгодишното реновирање, Хет Ло беше подигната за пет милиметри, а теренот во дворот беше ископан до длабочина од десет метри, по што во него беше влеан бетонски базен, за да се добие уникатен изложбен простор од 5.000 квадратни метри.

Тоа е како да криете слон! Со реновирањето на палатата е добиено прекрасно подземно продолжување како музеј за сите“, изјави директорот на палатата, Михел фан Марсевен.

Музејот се надева дека ќе привлекува 500.000 посетители годишно, при што ќе содржи мешавина од историски предмети и модерни изложби.