ГРЧКИТЕ БЛУЗЕРИ „БЛУЗ ВАЈР“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ КАКО НАЈАВА НА 4. КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Како своевидна најава на четвртото издание на Котон блуз фестивал, до кој останува нешто повеќе од еден месец, вечерва во Скопје ќе настапи легендарниот грчки блуз бенд „Блуз вајр“. Концертот ќе се одржи во клубот „Маракана“ со почеток во 21 часот, а картите се по цена од 250 денари.

Предводени од пејачот и гитарист Елијас Зајкос, „Блуз вајр“ се вистински легенди на грчката блуз сцена. Бендот е основан во 1983 и следната година го објави првиот блуз албум целосно снимен од грчки музичари.

Концертот е во организација на „Блуз фамилија“, здружение кое стои зад Котон блуз фестивал.