Манчестер сити ги претстави плановите за проширување на својот стадион, вредно 300 милиони фунти. На овој начин, капацитетот на „Етихад“ ќе се зголеми од 53.400 на 60.000 седишта, со што ќе биде четврти најголем стадион во Премиерлигата.
Меѓу новитетите се скај бар со поглед на теренот и прошетка по покривот на стадионот. Тој исто така ќе добие фан зона за 3.000 луѓе, музеј и хотел со 400 кревети. Планирано е проектот да се реализира за три години.
„Етихад“ беше изграден за Игрите на Комонвелтот во 2002, а следната година стана дом на актуелниот англиски првак.