ХОЛАНД ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ НА ПРЕМИЕРЛИГАТА СО 35 ГОЛА ВО ЕДНА СЕЗОНА

Манчестер, (Би-Би-Си)

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд, го собори рекордот на англиската Премиерлига во бројот на постигнати погодоци во една сезона. Норвежанецот го постигна својот 35. гол во вчерашната победа над Вест Хем, со што ги надмина Алан Ширер и Енди Кол.

Дваесет и двегодишниот Холанд, кој ја игра првата сезона во дресот на Сити, ќе има можност и да го подобри рекордот на преостанатите пет натпревари.

Енди Кол постигна 34 гола за Њукасл во сезоната 1993/94, што беше израмнето од Алан Ширер следната година, кога го одведе Блекбурн до шампионската титула. Тогаш имаше 22 екипи во лигата, со што и Кол и Ширер имаа повеќе мечеви од Холанд, на кого му требаа само 31 натпревар за да постави нов рекорд.

Неверојатно! Тој има само 22 години и уште пет меча пред себе. Можеби ќе дадеше уште голови да не го заменував после хет-трик во 60. минута. Навистина е посебен“, изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

(Фото: Имаго)