ЕД ШИРАН НЕ ПЛАГИРАЛ ПЕСНА НА МАРВИН ГЕЈ, ПРЕСУДИ СУДОТ ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Би-Би-Си)

Ед Ширан не ја плагирал песната „Let’s Get It On“ на Марвин Геј кога ја компонирал „Thinking Out Loud“, пресуди судот во Њујорк. Британскиот музичар постојано негираше дека искористил елементи на оваа песна во својот голем хит од 2014.

Наследниците на коавторот на песната на Геј тврдеа дека Ширан, „Ворнер мјузик“ и „Сони мјузик“ им должат пари за кршење на авторски права. Ширан на судењето кажа дека ќе се откаже од музиката ако биде прогласен за виновен.

Ако се случи тоа, јас сум завршил со музичката кариера“, кажа Ширан.

Тој сведочеше дека ја напишал „Thinking Out Loud“ со неговата пријателка Ејми Воџ во својот дом во Англија и дека била инспирирана од неговите баба и дедо и од романтичната врска што тукушто ја имал почнато.