НАЈСТАРОТО КУЧЕ НА СВЕТОТ ГО ПРОСЛАВИ 31. РОДЕНДЕН СО 100 ГОСТИ

Португалија, (АП)

Најстарото куче на светот го прослави 31. роденден во Португалија. Боби е чистокрвен рафеиро до алентежо, португалска раса чиј просечен животен век е меѓу 12 и 14 години, а Гинисова книга на рекорди во февруари го прогласи за најстаро познато куче на сите времиња.

Боби го поминал целиот животен век со семејството Кошта во селото Конкеирош близу западниот брег на Португалија, каде што во саботата му беше организирана роденденска забава.

Над 100 луѓе присуствуваа на многу традиционална португалска забава, се служеа локални риби и месо“, изјави Леонел Кошта, кој имал само осум години кога Боби се родил.

Во текот на својот живот, Боби никогаш не бил врзан и слободно лутал низ шумата околу куќата.

Тој секогаш живеел во мирно окружување, во друштво на многу животни и затоа е многу дружељубив“, додаде Леонел.

Годината на раѓањето на Боби е потврдена од ветеринарната служба на општината Леирија.