Руската техно дива Нина Кравиц и легендарниот словенечки бенд „Лајбах“ се најавени како главни ѕвезди на годинашното издание на фестивалот Скопје колинг, што ќе се одржи на 7 јули на стадионот на АРМ во Градски парк.
Покрај нив, ќе настапат уште три регионални ѕвезди од поновиот бран: минатогодишната претставничка на Србија на Евровизија, Констракта, српската електропоп група „Буч Кесиди“ и нејзиниот хрватски пандан „Ниплпипл“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, по цена од 1.500 и 2.000 денари, објави организаторот „Авалон продукција“.