„ЕПЛ“ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ НОВ УРЕД ЗА АУГМЕНТАТИВНА РЕАЛНОСТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Епл“ го претстави долгоочекуваниот уред за аугментативна реалност „vision pro“, за кој директорот на компанијата Тим Кук кажа дека „беспрекорно ги спојува вистинскиот свет и виртуелната реалност“.

Уредот има батерија која трае два часа, а чини 3.499 долари, што е значително поскапо во споредба со други слични уреди. На американскиот пазар ќе се појави во почетокот на следната година.

Vision pro“ повеќе наликува на очила за скијање отколку на уред за виртуелна реалност, со што доста се разликува од конкурентите. „Епл“ го употреби терминот аугментативна реалност за да ги опише неговите можности. Аугментативна или мешана реалност додава виртуелни предмети во светот околу нас, што овозможува мешање на реалноста и виртуелната реалност со гледање низ екран. Корисниците можат да користат апликации, да гледаат филмови и да пишуваат во виртуелниот свет, но засега има малку докази дека постои голем пазар за ваков тип на технологија.