НАОМИ ВОТС СЕ ОМАЖИ ЗА АКТЕРОТ БИЛИ КРУДАП

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Британската актерка Наоми Вотс потврди дека се омажила за својот колега Били Крудап, објавувајќи фотографија од скалите на судот во Менхетн. Педесет и четиригодишната Вотс, за која ова е прв брак, притоа носела венчаница од Оскар де ла Рента.

(Фото: Инстаграм)

Вотс и Крудап наводно ја почнале врската во 2017, кога глумеле сопружници во серијата „Gypsy“. Првпат заедно се појавија во јавност дури во 2022.

Вотс има две деца од 11-годишната врска со актерот Лив Шрајбер, од кого се раздели во 2016, додека Крудап доби син во врската со актерката Мери-Луиз Паркер.

(Фото: Гети)