Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН синоќа во Домот на АРМ ја отвори својата 15. годишна изложба на студентски дела, создадени во текот на академската година 2022/23. На изложбата, чие отворање предизвика голем интерес, се поставени решенија од наставните програми од прв и втор циклус на студии од областите графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.
Селектирани се над 1.000 дела од мал и голем формат, изработени во различни традиционални и дигитални техники. Меѓу нив има плакати, илустрации, типографски решенија, визуелен идентитет, дизајн на карактери, дизајн на книга, аудио-визуелни мултимедијални решенија, анимација, 3-Д моделирање, модни креации, цртежи…
„Ова е една од најмасовните изложби на млади автори некогаш организирана во државава и претставува своевиден тестамент за успешната политика на факултетот“, кажа деканот Милош Милосављевиќ на отворањето.
Изложбата е отворена до 21 јуни.