ГЕРМАНСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА СТАНА ПАРТНЕР СО КОМПАНИЈА ЗА ТАМПОНИ ЗАРАДИ ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЊЕ ЗА МЕНСТРУАЦИЈА ВО ЖЕНСКИОТ СПОРТ

Берлин, (ДПА)

Германската фудбалска федерација (ДФБ) го претстави спонзорскиот договор со компанијата за тампони „о.б.“, како дел од плановите да се обрне повеќе внимание на темата менструација во женскиот спорт.

Партнерството ќе се фокусира на женскиот национален тим, чии играчи ќе имаат важна улога во промовирањето на отворен дијалог за менструацијата и во рушењето на предрасудите и табуата.

Менструалниот циклус секако е специјална тема во спортот, која треба дополнително да се истражува и со која се справуваме во националниот тим. За жал, отворен пристап кон темата сѐ уште е ограничен. Затоа се надеваме дека ова партнерство ќе придонесе за спречување на табуата поврзани со менструацијата“, соопшти ДФБ.

(Фото: ДПА)