ПЛИШЕНО МЕЧЕ ЌЕ БИДЕ МАСКОТАТА НА ФУДБАЛСКОТО ЕП 2024, НАВИВАЧИТЕ ЌЕ ГО ИЗБЕРАТ ИМЕТО

Берлин, (ДПА)

УЕФА ја претстави маскотата за Европското фудбалско првенство 2024 во Германија. Тоа ќе биде мечка, која сè уште нема име.

Маскотата оддава почит на трајната привлечност на скромното плишено мече, за кое се вели дека потекнува од Германија од раниот 20. век“, кажаа од УЕФА.

Таа ќе биде претставена пред навивачите вечерва во стадионот „Велтинс арена“ во Гелзенкирхен, каде што Германија ја пречекува Колумбија.

Како родител, знам колку е важно да се стимулира детската имагинација. Се надеваме дека со новата маскота ќе направиме забавен и симпатичен лик кој ќе ги поттикне децата да играат фудбал“, кажа директорот на првенството Филип Лам.

Во исто време беше отворено гласање, преку кое навивачите ќе можат да го изберат името на маскотата, а во понуда се Алберт, Бернардо, Бернхарт и Херци фон Бер. Гласањето трае до 3 јули.

(Фото: ДПА)