ПО УСПЕСИТЕ ВО ФУДБАЛОТ, РАЈАН РЕЈНОЛДС КУПИ АКЦИИ ВО ФОРМУЛА 1 ТИМ

Лондон, (Би-Би-Си)

Откако ги остварија првите успеси со фудбалскиот клуб Рексам, холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени се впуштија нова авантура, купувајќи 24% од акциите на Формула 1 тимот Алпин. Зделката е вредна 200 милиони евра.

Алпин моментално се наоѓа на петтото место во првенството на конструктори во годинашната Ф1 сезона. Рејнолдс и Мекелхени инвестираа во тимот заедно со американската компанија „Редбрд“, која е сопственик на фудбалскиот гигант Милан.

Наследник на тимот на Рено, Алпин дебитираше на Ф1 патеките во 2021 и досега има една победа и вкупно три пласмани на подиумот. Сегашните возачи се Французите Пјер Гасли и Естебан Окон.

Рејнолдс и Мекелхени го купија велшкиот клуб Рексам во 2021 и неодамна му помогнаа да се врати во четвртата англиска лига по 15 години пауза.

(Фото: Гети)