„Креатор“, „Фолтин“, Рони Сајз и Индира Паганото ќе бидат ѕвездите на првиот ден на 13. Д фестивал во Дојран, што во организација на „Пасворд продукција“ се отвора денеска и ќе донесе исклучително разновидна програма. Ќе настапат повеќе од 60 изведувачи распределени на четири бини. Кампот за посетителите е отворен од вчера.
Денеска ќе има музика уште од 11 часот, а централните случувања почнуваат во 21 часот со настапот на легендарниот германски метал бенд „Креатор“, за кого ова е трето гостување во Македонија.
Музички, ќе има сè и сешто: од Симон Трпчески и неговиот проект „Македонисимо“ (за што влезот ќе биде слободен), преку хип хоп иконите „Оникс“, до богатата понуда на електронска музика. Големо внимание е посветено на домашните музичари, чиј број е завиден.
Д фестивал, кој завршува в понеделник во ноќните часови, не е само музика, па така разни содржини ќе можат да се пронајдат во рамките на Плоштарт.
Г. КОНЕВ
(Фото: Фејсбук/Д фестивал)