Црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ викендов ќе одржи два концерта во Македонија. На 8 август ќе пее во Градскиот парк во Дојран, каде што влезот е слободен, а следниот ден е во Античкиот театар во Охрид.
Продукцијата „Евентум” како специјални гости ги најави членовите на ВИС „Билјана”. Членовите на составот му се јавија на Сергеј од чамец додека свиреа негова песна, и на симпатичен охридски акцент го договорија заедничкиот настап и снимија видео.
Влезниците за концертот во Охрид се достапни преку продажната мрежа на e-ticket.mk.