Кардиологот Сашко Кедев вчера ја искачи Нанга Парбат во Пакистан, која со своите 8.126 метри е деветтата највисока планина на светот. Кедев бил дел од десетчлена меѓународна екипа, во која покрај петмина шерпаски водичи, биле и планинари од Кина, Пакистан, САД и Јапонија.
Истиот тим потоа продолжува кон уште два величествени врва во Пакистан, Г1 (8.080 метри) и Г2 (8.035 метри).
Нанга Парбат е петтиот од 14-те врвови повисоки од 8.000 метри што го искачил Кедев, со што е најуспешниот Македонец. Меѓу нив се и двата највисоки, Монт Еверест и К2.