РИВАЛОТ НА ТВИТЕР, ТРЕДС, СОБРА НАД 100 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ ЗА ПЕТ ДЕНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Тредс, новата ривалска апликација на Твитер, собра повеќе од 100 милиони корисници за само пет дена, велат новите податоци. На тој начин, Тредс го урна рекордот на апликацијата заснована врз вештачка интелигенција ЧетГПТ.

Тредс во средата беше лансирана на уредите со Епл и Андроид во повеќе од 100 држави, но не и во Европската Унија поради регулаторни грижи.

Извршниот шеф на „Мета“, Марк Закерберг, кажа дека апликацијата привлекла десет милиони корисници во првите седум часа по лансирањето, а повеќе од 30 милиони до четвртокот наутро. Се верува дека Твитер моментално има околу 350 милиони редовни корисници.

Тредс им овозможува на корисниците да постираат до 500 карактери и има многу сличности со Твитер. Иако е посебна апликација, корисниците се вклучуваат на неа преку Инстаграм. Експертите најавуваа дека таа би можела да привлече корисници на Твитер кои не се задоволни со последните промени на платформата.

(Фото: АП)