ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА ФИЛМОТ ЗА БОБ МАРЛИ, ПРЕМИЕРАТА Е ВО ЈАНУАРИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Објавен е првиот трејлер за биографскиот филм за Боб Марли, кој доаѓа 43 години по неговата смрт.

Британскиот актер Кингсли Бен-Адир го игра славниот пејач, а Лашана Линч е неговата сопруга Рита во филмот „Боб Марли: Една љубов“, кој треба да излезе во јануари 2024. Филмот го истражува огромниот успех на Марли со групата „Веилерс“, а во трејлерот се опфатени обидот за атентат во 1976 и неговото големо враќање со мировниот концерт „Една љубов“ во Кингстон.

Режисер е Реиналдо Маркус Грин, а меѓу продуцентите се вдовицата на Марли, Рита и нивните деца Зиги и Седела.

„Филмот ги слави животот и музиката на легендата која инспирираше бројни генерации со својата порака за љубов и единство“, велат авторите на филмот.