Берлин ќе го зголеми својот буџет за култура за 2024 на 947 милиони евра, објави државниот министер за култура и социјална кохезија Џо Кјало. Тој вети дека сумата ќе достигне до милијарда евра во 2025.
Кјало, кој порано пеел во метал бенд, оваа година го презеде берлинскиот сектор за култура. Тој најави дека градот ќе додаде 500 нови јавни културни простори на веќе постоечките 2.000, а нивната бројка треба да биде удвоена до 2030.
Германија веќе некое време е еден од водечките европски инвеститори во културата. Меѓу другото, сите жители кои оваа година стануваат полнолетни ќе добијат ваучер од 200 евра за културни содржини.
На национално ниво, федералниот буџет за култура порасна на 2,4 милијарди евра оваа година.