НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА СЕ ПРЕЗЕНТИРАШЕ УМЕШНОСТА НА ЗАПЛЕТУВАЊЕТО ЖЕНСКА КОСА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Преку проектот „Коса“ на скопскиот ансамбл „Македонија“, пред битолчани беше прикажана умешноста на заплетувањето женска коса. На Широк Сокак без изведени како обредни заплетувања што се правеле низ вековите, така и градски и современи фризури.


Широк Сокак на тој начин се претвори во голема сцена на која се менуваа времињата и трендовите за женски фризури од 18. век наваму. Настанот се одржа во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.


Ж. ЗДРАВКОВСКА / Фото: Центар за култура