ХУМАНИТАРЕН РОК КОНЦЕРТ НА АНА ПЕТАНОВСКА ВО БИТОЛА СО ХИТОВИ ОД 1980-ТИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Ана Петановска со својот бенд (вечерва) 12 септември во 19:30 часот ќе одржи хуманитарен концерт насловен „Хер-аклеа 2026“ во античкиот локалитет Хераклеа во Битола, посветен на рок-музиката од 1980-тите. Влезот за публиката ќе биде отворен од 19 часот.

Петановска, позната по моќниот вокал и енергичните настапи, со бендот ќе испее познати хитови и преработки на песни од легендарните рок-состави „Бон Џови“, „Појзон“, „Деф Лепард“ и други ѕвезди од златната ера на рок-музиката.

Концертот има хуманитарен карактер, а секој купен билет претставува поддршка за битолското здружение „Светилник на надеж“, посветено на помош, грижа и поддршка на децата без родители.

Билетите се продаваат онлајн преку продажната мрежа „Веј Ин“, а цената почнува од 750 денари.

Организаторите најавуваат вечер во духот на 1980-тите, со моќни гитари, рок-хитови и препознатливата мода од тоа време, а посетителите ги повикуваат да дојдат во кожени и тексас комбинации.