АКТЕРКАТА МИШЕЛ ЈЕО И БИВШИОТ ШЕФ НА ФЕРАРИ, ЖАН ТОТ, СЕ ВЕНЧАА РЕЧИСИ 20 ГОДИНИ ОТКАКО ТОЈ ЈА ЗАПРОСИЛ

Женева, (Си-Ен-Ен)

Најдобрата актерка на годинашните Оскари, Мишел Јео, се венчаше со својот долгогодишен партнер Жан Тот на церемонија во Швајцарија, речиси две децении откако тој ја побарал за жена.

19 години и да, ние сме венчани! Благодарност до нашите семејства што нѐ сакаа сите овие години“, напиша 60-годишната Јео на Инстаграм.

Нејзиниот сопруг Тот (77) се прослави како шеф на Формула 1 тимот Ферари, а потоа 12 години беше претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација. Поранешниот Ф1 возач Фелипе Маса објави испечатена свадбена порака, која дава увид во врската на Јео и Тот.

Се запознавме во Шангај на 4 јуни 2004. На 26 јули 2004, Жан ја запроси Мишел и таа кажа ‘Да‘. Денеска во Женева, по 6.992 дена, среќни сме што можеме заедно да го прославиме овој специјален момент“, стоеше на пораката.

Јео претходно беше во брак со продуцентот Диксон Пун од 1988 до 1992.

(Фото: Гети)