МАНЧЕСТЕР СИТИ ЌЕ ПЛАТИ НАЈМАЛКУ 90 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ХРВАТОТ ГВАРДИОЛ, КОЈ СТАНУВА НАЈСКАПИОТ БЕК ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ

Манчестер, (Би-Би-Си)

Пеп Гвардиола конечно го доби Јошко Гвардиол, откако Манчестер сити постигна договор со РБ Лајпциг за трансферот на младиот хрватски бек. Европскиот и англиски првак ќе плати обесштетување од 90 милиони евра, со што 21-годишниот Гвардиол би требало да стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Оваа сума не ги вклучува бонусите, чија висина засега не е позната.

Актуелниот рекордер е Хари Мегваер, за кого Манчестер јунајтед плати 92 милиони евра во 2019.

Гвардиол е „дете“ на Динамо Загреб, кој пред две години го продаде во Лајпциг за 18,8 милиони евра. Динамо од овој трансфер ќе инкасира уште 14,2 милиона евра.

Гвардиол има 21 настап за Хрватска, со која беше трет на последното Светско првенство во Катар.