МЕЈЗИ ВИЛИЈАМС ЌЕ Ѝ БИДЕ ДЕВЕРИЦА НА СОФИ ТАРНЕР

Лондон, (Венити фер)

Сестри во „Игра на тронови“, најдобри пријателки во реалниот живот, Мејзи Вилијамс и Софи Тарнер ќе се обединат за уште еден проект.

Вилијамс, која во серијата ја игра Арја Старк, ќе ѝ биде деверица на Тарнер (Санса Старк), која неодамна се сврши со 28-годишниот поп-пејач Џо Џонас.

„Софи веќе ми даде на знаење за ова. Ќе почекаме да заврши последната сезона за да почнеме да мислиме на тоа“, призна Вилијамс.

Мејзи и Софи се блиски уште од првите денови на серијата и се дружат и надвор од снимањата. Последната сезона од хит-серијата ќе се емитува дури наредната година и Тарнер кажа дека свадбата ќе почне да ја планира откако ќе заврши таа фаза од нејзиниот живот.

Џонас и 21-годишната Тарнер се заедно од декември 2016 година, а веста за свршувачката ја објавија во октомври.