БЕРЛИНЦИТЕ СО ТЕХНО ЖУРКА ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПРОШИРУВАЊЕ НА АВТОПАТ ПОРАДИ ШТО ЌЕ СЕ УРНАТ И НОЌНИ КЛУБОВИ

Берлин, (Би-Би-Си)

Илјадници берлинци се придружија на техно забавата со која се протестираше против проширување автопат, што треба да доведе до уривање на ноќни клубови и други културни места. Клабери, климатски активисти и локални жители претворија еден километар од клучна сообраќајница во источниот округ Фридрихсајн во подиум за журка, за што имаа дозвола од берлинските власти.

Тие протестираа против намерата за проширување на главниот берлински автопат А100, што треба да се пробие низ оваа централна урбана населба и да резултираа со уништување на неколку култни ноќни клубови. Севкупно, треба да бидат уништени 20 ноќни клубови и културни места, како и неколку приватни куќи.

Овој протест не беше само поради уништувањето на ноќните клубови, туку и за животната средина. Овој автопат ќе донесе екстремна бучава и загадување во градот“, изјави Амперија, диџеј во еден од клубовите што треба да бидат уништени.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг и градоначалникот на Берлин, Кај Вагнер, сакаат да го прошират автопатот за да се справат со растечкиот број жители и автомобили во градот. А100 е еден од најпрометните патишта во Германија, чија изградба почна во 1958 година.

(Фото: АФП)