АНАСТАСИЈА ПАЛЧЕВСКА ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ТАНЦ ВО ПОЛСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младата танчарка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Кјелце, Полска. Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“.

„Со своите настап, талент и посветеност, таа успеа да се искачи на победничкиот подиум и да го развее македонското знаме“, велат организаторите.

Бронзениот медал е значаен успех за младата танчарка и уште едно меѓународно признание за македонската танцова сцена.