Италијанскиот ресторан „Мато Наполетано“ од Скопје беше дел од Гала-церемонија одржана во Кралската палата во Неапол, Италија, каде што беа прогласени 100 најдобри пицерии во светот. Помеѓу наградените е и скопската пицерија.
„Мато Наполетано“ во мај годинава во Барселона беше прогласена и за 25. пицерија во Европа.
„За првпат во историјата на Македонија, еден угостителски објект е препознат на светско ниво“, велат од скопскиот ресторан и се особено среќни бидејќи “успехот е поголем затоа што ‘Мато Наполетано’ е и единствената пицерија од поширокиот регион што се нашла на овој список“,
Рангирањето и наградувањето традицонално го врши меѓународна организација од Италија низ строг процес на проверка од страна на анонимни инспектори на сите аспекти од понудата и работењето во текот на целата година.