Хју Џекмен и сопругата Дебора-Ли објавија дека ставија крај на својот 27-годишен брак.
„Благословени сме што поминавме заедно речиси три децении во прекрасен брак полн со љубов. Нашите патишта сега се разделуваат и одлучивме да се разведеме за да продолжиме да растеме како поединци“, стои во нивното заедничко соопштение.
Тие додадоа дека семејството им е најголемиот приоритет и дека влегуваат во новото поглавје со благодарност, љубов и добрина.
Тие се запознаа во 1995 на снимањето на австралиска телевизиска серија, во која и двајцата глумеа и Дебора-Ли Фурнес во тоа време беше попозната во својата земја. Се венчаа следната година и посвоија две деца, кои сега имаат 23 и 18 години. Џекмен подоцна стана голема холивудска ѕвезда и заедно со сопругата редовно се појавуваа на црвен тепих. Во јули годинава заедно беа снимени и на Вимблдон.
(Фото: АП)