СТОТИНА ХОРИСТИ ГО ОТВОРААТ ШЕСТИОТ ФЕСТИВАЛ НА КАМЕРНИ ХОРОВИ АСТИБО ФЕСТ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Пред почетокот на шестиот интернационален фестивал Астибо фест, стотина хористи вечерва пред Домот на кулурата „Ацо Шопов“ во Штип ќе ја исполнат композицијата „Да живее музиката“.

На големата сцена во Домот на кулурата потоа ќе настапат пет камерни хорови, четири од Македонија и еден од Бугарија. Во официјалната програма ќе настапат градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје, женскиот хор „Неразделни“ од Ќустендил, Бугарија, женскиот камерен хор „Ќерамија“ од Прилеп, женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје и здружението граѓани „Градски хор“ од Штип како домаќин на фестивалот.

По бројните настапи што ги имавме оваа година во Македонија и во странство, добро е што годината ја завршуваме со настапи во Македонија и на овој меѓународен фестивал. Се надеваме дека салата, за што билетите се бесплатни, ќе биде полна со љубители на хорското пеење“, велат домаќините.

Т. ЈОВАНОВСКИ